Битиќи: Минималната плата од март ќе се зголеми на 19.600 денари

 

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на гостувањето во „Клан ТВ“ кажа дека од март 2023 година Владата ја зголемува минималната плата на 19.600 денари.

Битиќи вели дека намерата на Владата е да може двајца членови на семејство да ја покријат потрошувачката кошничка за еден месец.


 

- Во март минималната плата ќе стане 19.600 денари, па така двајца членови на семејство ќе може да ја покријат потрошувачката кошничка и да остане нешто, вели Битиќи.

20.12.2022 - 21:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега