Битиќи: Ќе ја подобриме економијата - ќе вработуваме работници од странство

 

Вицепремиерот Фатмир Битиќи на денешната прес-конференција го обелодени својот став, и јасно потенцираше дека ќе сме ја зголемеле проуктивноста и конкурентноста на економијата преку увоз на странска работна сила, проследено со сет од краткорочни мерки.

Владата размислува за увоз на работна сила од странство во земјата, како една од мерките за раздвижување на економијата. Ова табу тема, според вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, се очекува да биде отворена годинава, со што ќе се отвори патот за увоз на работна сила за да се зголеми продуктивноста и конкурентноста на економијата. Ова е еден од краткорочните приоритети на коишто се осврна Битиќи на конференцијата „Економски предизвици во 2023 година: Како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“, во организација на Стопанската комора.

„Ние сме една од ретките држави во која има висока стапка на невработеност, а има недостиг на работна сила.Зголемувањето на платите е добро за зголемување на продуктивноста, но се покажа дека и покрај зголемувањето на платите продуктивноста е уште ниска. Мора да се смени пристапот. Не можеме цело време да се бориме со заштита на нашата работна сила која е невработена, а при тоа тие да одбиваат работа и економијата да трпи. Не можеме да имаме ни јавни инвестиции ако немаме увоз на работна сила во земјава. За жал таква е состојбата и ние еднаш за секогаш мора да се справиме со тоа“, изјави вицепремиерот Битиќи на денешната прес-конференција. 

16.01.2023 - 20:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега