Без вода дел од Ченто
Дел од ул.„Методија Андонов Ченто“ изутринава од девет часот ќе биде без вода, а во населба Ченто со намален притисок.
ЈП „Водовод и канализација“ Скопје најави дека ќе се санира уличен дефект од Ф-350 мм и ќе се врши промена на шибер од Ф-100 мм на ул.„Методија Андонов Ченто“ бр.22 во општина Гази Баба.
Прекинот ќе трае до завршување на планираните активности.
31.08.2022 - 09:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа