Без дозвола влегле во базенот на неговата резиденција и му се закнувале - Белгиски турист почина по расправија со тинејџери во Сен Тропе
Андре, 77-годишен белгиски турист, се онесвести доцна попладне минатата среда додека беше во расправија со четири тинејџери на возраст од 12 до 14 години кои без дозвола влегле во базенот на неговата приватна резиденција во близина на Сен Тропе.
Според сведоците, немало физички контакт, но расправијата била жестока.
Обдукцијата на телото ќе открие точно што ја предизвикало смртта на Андре.
Филип, близок пријател на жртвата, верува дека тинејџерите се одговорни за смртта на 77-годишникот.
- Андре ги сакаше децата, но децата му го одзедоа животот - рече тој.
Според него, тинејџерите му упатиле екстремни закани на Андре, како на пример: „Ќе дојдам и ќе ја силувам твојата жена, а потоа ќе ѝ го пресечам гркланот“, „Ќе дојдам и ќе те убијам, ќе ти го отворам стомакот како голема свиња“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа