Бесплатно пливање за сите првачиња и деца со попреченост од Општина Аеродром

 

Сите деца со попреченост од основните училишта во општина Аеродром ќе добијат бесплатно пливање, најави градоначалникот Тимчо Муцунски.

-„Учиме да пливаме” е проект кој предвидува олеснување на семејниот буџет на секое семејство на територија на Општина Аеродром кои имаат дете во прво одделение или дете со попреченост. Со субвенционирањето, сите опфатени ученици добиваат: часови пливање, опрема за пливање (капа, наочари), пешкир, сертифициран спортски едукатор како и превоз на учениците од училиште до базенот и назад. Проектот кој е изработен во соработка со Сојузот за училишен спорт на Општина Аеродром и во реализација на „Скај велнес“, а тој предвидува создавање услови за најмладите да добијат соодветна обука и совладување на вештините за пливање, кое има клучна улога во правилниот психо-физички развој и здравјето на децата, вели Муцунски додавајќи дека приоритет на општината се најмладите.

Според него, само со сериозни инвестиции и иницијативи може да се подобри образовниот процес.

 

29.08.2022 - 18:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега