Бесплатен превоз за време на „Бела ноќ“
ЈСП Скопје информира дека и годинава ќе овозможи бесплатен јавен превоз по повод одржувањето на традиционалната културна манифестација „Бела ноќ 2022“.
-Право на бесплатен превоз ќе имаат сите граѓани во период од 18 часот во сабота (1.10.2022 год) до 05 часот во недела (2.10.2022 год), соопштуваат од ЈСП Скопје.
Оттаму потсетуваат дека во функција се и ноќните линии, а возниот ред е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје (www.jsp.com.mk).
29.09.2022 - 11:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа