Бесплатен одмор за деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за лето 2023 година

 

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои и Информацијата за реализација на проектот за користење услуга за одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за лето 2023 година, поднесена од Министерството за труд и социјална политика.

Преку Проектот, како што е наведено во соопштението од Владата, се овозможува користење бесплатна услуга за рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток, во објекти за одмор и рекреација за лето 2023 година. Одморот и рекреацијата се користат во текот на летниот распуст.

Задолжено е Министерството за труд и социјална политика за реализација на проектот, меѓу другото и преку објава на повик на Веб страницата на Министерството за труд и социјална политика и во центрите за социјална работа, во јуни 2023 година.

06.06.2023 - 21:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега