Беснее пожар во Штип - пожарникарите на терен

 

 

Пожар моментално беснее на територијата на градот Штип, поточно гори депонијата „Трештенска Скала“. 

„РЦУК – Штип, известува дека во 13:25 часот започнат е пожар на депонија „Трештенска Скала“ во близина на градот Штип. Пожарот е проширен надвор од депонијата и зафатена е ниска вегетација, а во мометот интервенираат 6 пожарникари со 2 ПП возила од ТППЕ Штип“, информираат од Центарот за управување со кризи за „Прес24“.

Од страна на ТППЕ Штип се повикани и останатите пожарникари кои подоцна ќе се вклучат во гасење на пожарот.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

18.07.2023 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега