Беснее пожар и во Куманово - ЦУК со детали

 

Освен во Штип, моментално пожар беснее и во Куманово, информираат од Центарот за управување за кризи. Станува збор за пожар на отворено на ул.„Ѓуро Поштар“, каде гори сува трева и стрниште.

„Регионалниот ЦУК Куманово известува, според информацијата на ТППЕ Куманово, за пожар на отворено на ул. „Ѓуро Поштар“, каде што гори сува трева и стрниште. Пожарникарите на Територијалната противпожарна единица  ТППЕ Куманово интервенираат од 13.52  часот со 1 ПП возило и три пожарникари и екипата се уште е на терен“, изјавија од Центарот за управување со кризи.

21.07.2023 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега