Бесими: Парите од ЕУ ќе се трошат 2 години

 

Европската унија ќе и додели 100 милиони евра на РС Македонија за справување со последиците од енергетската криза. Денеска Европската комисија даде предлог за обезбедување на овие средства за земјата преку пакетот за макрофинансиска поддршка воспоставен во време на ковид-кризата. 

Предложената помош ќе придонесе за покривање на финансиските потреби на РС Македонија во текот на оваа и наредната година, поддржувајќи ја и фискалната одржливост и структурните реформи насочени во областа на фискалното управување, даночната политика, управувањето со јавните инвестиции, јавно-приватните партнерства, деловното опкружување, транспрентноста во државната помош, енергетската, ефикасност, реформите во судството, како и борбата против корупцијата.

„Ова  значи поддршка од ЕУ на земјата на патот кон членство во ЕУ, поддршка за реформите и најзначајно поддршка на политиките во време на криза. Таа стигнува како потврда на она што го преземаме откако претходно тоа беше потврдено и од меѓународните финансиски институции“, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими.

Помошта ќе биде исплатена во две транши, а е дополнување на претходно одобрениот Инструмент за претпазливост и ликвидност од Меѓународниот монетарен фонд. Средствата ќе бидат достапни откако предлогот ќе биде усвоен во Европскиот Парламент и Советот на ЕУ.

Станува збор за средства од пакетот што ЕК го воспостави во време на ковид – кризата. РС Македонија во 2020 и 2021 година година користеше 160 милиони евра маркофинансиска поддршка од ЕУ за справување со економските последици од коронавирусот.

06.02.2023 - 16:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега