„Беше нормален само кога беше мал“ – се огласи таткото на убиецот од Градачац

 

 

„Не знам што го навело да ја направи оваа грешка. Сигурно му изгорел мозокот. Како дете од пет, шест години беше нормален, а потоа не. Тој не се хранеше со мене, порасна далеку од мене“.

Фикрет Сулејмановиќ, очајниот татко на масовниот убиец од Градачац, Нермин Сулејмановиќ, откри дека се срами од својот син, кој со убиството на тројца луѓе го зацрни цел Градачац и го потресе регионот пред четири дни.

„Мајка му почина пред неколку години, таа живееше со него. Полицијата го знаеше подобро, само да го уапсеа навреме, да го отстранеа, да направеа било што… но видовте дека никој не се занимавал со тоа, па чекавме да експлодира, и го направи тоа што го направи“, вели таткото на Нермин, Фикрет.

Несреќниот човек раскажа дека се сретнал со својата снаа Низама Хеќимовиќ, која синот ја убил во петокот, и нивното осуммесечно бебе и дека тогаш се надевал дека монструозниот Нермин се смирил.

„Решив еден ден да ги видам, па ја наведнав главата и отидов кај нив. Ги видов Низама и бебето пет минути. Бев среќен. Имаше дете, мислев дека ќе се подобри, дека ќе биде подобар поради бебето. Сепак, тој остана ист. Кој не би се надевал дека неговото дете ќе биде подобро, кој не би?“ прашува разочараниот татко.

Вели дека од болка не може ни да мисли на масакрот.

„Само пијам апчиња и гледам во таванот и си замислувам дека не знам ништо. Би сакал да преспијам се’, еден месец и да се разбудам. Не се чувствувам добро, не знам веќе што зборувам“ рекол неутешниот Фикрет.

Нермин Сулејмановиќ, кој изврши тројно убиство, почнувајќи од невенчаната сопруга Низама Хеќимовиќ, веќе бил пријавен во полиција за семејно насилство.

Тој ја уби сопругата пред викендицата во Шибовац, недалеку од Градачац, додека нивната ќерка лежела во локва крв и плачела.

Како што можеше да се види на вознемирувачкото видео кое сега е избришано, тој ја прашал несреќната жена зошто го пријавила во полиција, а таа му одговорила дека се плашела за себе и за детето.

Откако ја претепал и убил својата невенчана сопруга, Нермин убил уште две лица, татко и син (23), турски државјани, Џенгиз Ондер и Џенгиз Денис. Ранета е и сопругата на убиениот, која е во критична состојба на Клиниката за анестезиологија и реанимација во Тузла.

Претходно денес, медиумите во Босна и Херцеговина објавија дека никој не сака да го преземе телото на Нермин Сулејмановиќ, па ни неговото семејство, и не се знае кога ќе биде погребан.

15.08.2023 - 17:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега