Беше млада и имаше две дечиња: Ирска инфлуенсерка почина во сон
Ирската инфлуенсерка Танис Елизабет Самуелс, која почина во сон во понеделникот, ќе остане запаметена како „ангел кој одеше по земјата“.
Мајката на две деца беше ирска манекенка со јамајканско потекло. Семејството на оваа убавица попладнево ја потврди тажната вест и се заблагодари на сите кои и дадоа поддршка.
„Нашата убава, интелигентна и дарежлива Елизабет Семуелс почина во сон во понеделникот на 18 декември“.
„Благодарам на сите што ја поддржуваа“.
20.12.2023 - 23:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа