Беса Транс: Не органзириаме екскурзии во Турција туку помагаме да се откријат причините за трагедијата

Не се точни информациите дека организираме туристички ексурзии во Турција. Туристичката агенција „Беса транс“, чиј автобус изгоре во Бугарија , во објава на Фејсбук демантира дека од јануари идната година продолжува да организира екскурзии за Истанбул, Турција.

„На 8 декември, се појавија шпекулации дека „Беса Транс ДООЕЛ‘, наводно, од јануари 2022 година повторно ќе вози патници (екскурзии) од Р.С. Македонија до Турција и обратно. Целосно ги демантираме таквите шпекулации и ја известуваме пошироката јавност дека ’Беса Транс ДООЕЛ‘ ниту може, ниту сака да организира транспорт (екскурзии), бидејќи компанијата е фокусирана на соработка со институциите на Р.С. Македонија и Бугарија, за брзо да се откријат причините за ужасната несреќа“, се вели во објавата на Фејсбук-страницата на агенцијата.

Како што објави денеска ТВ24, новинарска екипа од телевизијата се јавила на телефонскиот број на агенцијата, а оттаму одговориле дека турите за Турција продолжуваат од јануари, но дека сè уште немаат точни датуми за екскурзиите.

 

Во автобуската несреќа што се случи на 23 ноември во Бугарија животот го загубија 45 македонски државјани кои се враќаа од екскурзија во Истанбул.

08.12.2021 - 21:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега