Белгија: Паднаа осум лица, планирале терористички напад

 

Седум лица, од кои пет се белгиски државјани, еден турски и еден бугарски, денеска се приведени во рамки на истрагата за можни терористички напади, соопшти белгиското обвинителство.
Тие беа приведени синоќа во рамки на акцијата против екстремистичките активности насочени кон радикализирање на младите. Повеќето од приведените се на возраст од околу дваесет години.

Федералното обвинителство соопшти дека се приведени осум лица, а еден од осомничените е ослободен.

Лицата се приведени како дел од две тековни истраги во Брисел и Антверпен, два случаи поврзани со планирањето на нападот, кои имале меѓусебни врски, соопшти обвинителството.

Засега не е утврдено кои биле потенцијалните цели на тие терористички планови.

Во истрагата спроведена во Антверпен денеска им е одреден притвор на четири лица, тројца Белгијци и еден Турчин.

Во случајот во Брисел, притвор им е одреден на уште тројца осомничени, двајца Белгијци и еден Бугарин.

Тие се обвинети за „учество во активности на терористичка група“, „подготвување терористички чин“ и „ширење пораки со намера да поттикнат извршување терористички чин“.

29.03.2023 - 21:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега