Бектеши: Кромидот поскап десет денари, доматите максимум 95, леќата 110 денари

 

Владата денеска донесе Одлука со која се корегираат дел од замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот. Како што изјави министерот Крешник Бектеши, согласно Одлуката, килограм домати и краставици ќе чини максимум 95 денари, килограм пипер до 100 денари, килограм грав 95.

Кромидот поскапува за десет денари и ќе биде 70 денари, а само леќата, истакна Бектеши, ќе биде над 100, односно ќе се продава по 110 денари за килограм.

Според владината Одлука, килограм банани ќе чини до 75 денари, килограм портокали до 60, килограм мандарини до 65 и килограм лимони до 60 денари. 

-Контролите ќе продолжат, ситуацијата секојдневно ќе се следи и ако е потребно, повторно ќе се интервенира доколку забележиме намалени увозни цени. Граѓаните да бидат спокојни, истакна министерот.

Бектеши очекува дека ќе се почитува Одлуката која е донесена зашто, како што напомена, последната недела се забележани зголемени увозни цени за над 30 отсто на одредени производи - домати, краставици, кромид и грав. 

-Овие фактури што веќе се доставуваат во Царинската управа, се пологични од претходните, но ова не значи дека тука завршуваат контролите и инспекциите, подвлече Бектеши. 

11.04.2023 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега