Бектеши: Ќе има зголемување на ДДВ на струјата од 5 на 10 отсто

 

Граѓаните да бидат мирни и спокојни за цената на струјата, владата се грижи, товарот од енергетската криза нема да биде на грбот на граѓаните. Ќе биде обезбедено 24 часа снабдување со електрична енергија и редовно снабдување со топлинска енергија до крајот на грејната сезона во градот Скопје, а нема да има ни зголемување на цената на топлинската енергија. Ова го истакна министерот за економија Крешник Бектеши во вечерашното гостување во емисијата 24 Анализа на Телевизија 24.

“Точна е информацијата дека ДДВ-то ќе се зголеми на 10 %. И мора да ги известиме граѓаните дека 5%о беа како мерка од владата се со цел справување со енергетската криза и сега веќе согласно новите пресметки има простор тоа да се врати на 10%, а да нема импакт на цената на електрична енергија и за домаќинствата и за малите потрошувачи.  Речиси сите капацитети на државата се моментално во функција. Сето тоа ни дава простор да направиме дополнителни пресметки како енергетски тим и во текот на утрешниот ден ќе имаме состаноци каде ќе одлучиме за цените кои треба ЕСМ да ги понуди кон универзалниот снабдувач во овој случај ЕВН Хоум кон електродистрибуција и кон МЕПСО.“ кажа министерот Бектеши.

Според министерот со новите блок-тарифи кои беа воведени е правичен и правилен пристап кон справување со енергетската криза и посебно за начинот на кој товарот да не биде целосно кон тие кои најмногу имаат потреба како држава.

Министерот кажа дека се инвестира во исто време во изградба на капацитети од обновливи извори на енергија како никогаш досега.

„ До 2019-та во нашата држава имало инсталирано фотоволтаични централи не повеќе од 19 мегавати, денеска има над 100 мегавати. Од кои функционални се 80 мегавата, до крајот на април ќе бидат над 250 мегавати. И граѓаните нека направат споредба и разлика кој ја имплементира зелената агенда која е усвоена како развој во делот на стратегијата за енергетика и што е направено преходно, а што се прави сега во делот на зелената агенда и во делот на тоа сценарио кое е веќе утрдено од страна на владата и од експертската јавност во нашата држава.“ кажа министерот.

Во делот на очекувањата на Владата за намалување на цените на основните прехранбени производи откако компаниите од прехранбениот сектор почнаа да се снабдуваат со субвенционирана струја, министерот кажа дека трендот на намалување на цените е веќе започнат.

„Веќе започна намалувањето на цените, ние најавивме дека ќе има од 7 до 12-13% кај  производите кои се утврдени со одлуката на Владата за маржа. Веќе во континуитет приметуваме дека има намалување и овој тренд би требало да продолжи“ кажа министерот

12.12.2022 - 23:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега