Бектеши: Го поддржуваме занаетчиството и создаваме услови за раст оваа дејност
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска присуствуваше на настанот по повод одбележување на јубилеј од 90 години постоење на Занаетчиската комора Скопје.
Министерот Бектеши во своето обраќање истакна дека јубилејот од 90 години јасно покажува колку долго и макотрпно комората се грижи да опстои и да функциионира занаетчиството во Северна Македонија.
„Занаетчиските комори се значајна алка во целиот екосистем, а особено е значајна е нивната улога за афирмација и промоција на занаетчиството, идниот развој на занаетите и унапредувањето на оваа дејност. Министерството за економија во континуитет го поддржува занаетчиството, а тоа го покажуваме и со начионот на водење на политиките и спроведување на мерките кои беа предвидени оваа година. Министерството за економија како надлежно за политиките за занаетчиство континуирано работи на создавање на услови за унапредување на занаетчиството и поддршка на занаетчиите, а тоа го покажуваме и со начинот на водење политики и спроведување на мерки за поддршка на занаетчиството“ кажа бектеши во своето обраќање.
Според министерот како резултат на одличната соработка со занаетчиските комори постигнати се значајни резултати во изминатите години. Особено во изминатите години кои ги одбележаа неколку предизвици почнувајќи од ковид кризата до енергетската криза.
Министертвото за економија и 2023-та обезбедува субвенционирање на занаетчиите за набавка на опрема и алати, се предвидени рекордни 5.000.000 денари“ кажа министерот и додаде дека , Министерството обезбеди средства во буџетот за 2023-та за поддршка на занаетчиските комори за имплементација на проекти кои ќе бидат во насока на јакнење на капацитетите на занаетчиите преку организирање на обуки за поединечни занаетчиски дејности и креативни занаети, организирање на форуми, учество и организирање на промотивни активности (саеми) како и обуки за јакнење на свеста за придобивките од легализација на занаетчискиот бизнис.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа