Бекер излезе од затвор, се очекува негова депортација
Поранешниот германски тенисер Борис Бекер (55) е пуштен денеска од британскиот затвор и се очекува наскоро да биде депортиран од земјата.
Повеќекратниот тениски шампион претходно е осуден на затворска казна од две години и шест месеци поради криење на над стотина илјади фунти пред да објави банкрот, пренесува Ројтерс.
Во соопштението од Министерството за надворешни работи конкретно не се споменува неговото име, но е наведено дека се разгледува депортацијата „на секој странски државјанин осуден поради кривично дело на затворска казна“.
Поранешниот тенисер е најмладиот освојувач во историјата на Вимблдон со 17 години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа