Бајрами: Македонија ЃП е подготвена за предизвикот против ЦСКА Софија

 

Македонскиот прволигаш Македонија ЃП утре (17.30 часот) го пречекува бугарскиот тим ЦСКА Софија во второто коло од Конференциската лига на УЕФА. Тренерот Муарем Бајрами вели дека тие се фокусирани само на фудбалот.

„Играме против бугарски тим, но тоа не ни создава никаков притисок, зошто ние размислуваме само и единствено за фудбал. Нас треба да нѐ интересира само теренот, натпреварот и фудбалската игра. Ја анализииравме ЦСКА Софија, тие се квалитетен тим и ние се подготвувавме повеќе од еден месец за да прикажеме добра игра“, изјави тренерот Муарем Бајрами.

Капитенот на Македонија ЃП, Ермедин Адем веруваат дека тимот може да избори позитивен резултат пред реваншот во Софија.
„Ние сме млад тим, но има и неколку поискусни кои знаат што значат овие европски натпревари. Мислам дека сме добро подготвени, ќе го дадеме максимумот и веруваме дека ќе оствариме позитивен резултат за реваншот во Софија. Немаме никаков притисок, сакаме само да играме фудбал и можеби најтежок противник ќе биде топлото време“, изјави Адем.

Натпреварот меѓу Македонија ЃП и ЦСКА Софија ќе се одигра утре, со почеток во 17.30 часот, на комплексот на ФФМ.

20.07.2022 - 21:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега