Бајден: Ќе одговориме на смртта на американските војници во Јордан

 

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека одлучил како САД ќе одговорат на нападот со беспилотно летало во кој загинаа тројца американски војници во Јордан, јавува Би-би-си.

Бајден додаде дека САД не треба да ја прошируваат војната на Блискиот Исток.

Тројца американски војници загинаа, а повеќе од 30 војници беа повредени во напад со беспилотно летало овој викенд врз мала американска воена станица во Јордан. Ова е првпат американски војници да бидат убиени од непријателски оган на Блискиот Исток од почетокот на војната во Газа.

Геополитички, фактот дека нападот се случи на територијата на Јордан, близок американски сојузник, го загрижува Бајден, исто како и јорданската влада. Бајден најверојатно ќе биде принуден да испрати уште повеќе сили во регионот за дополнително да ги обезбеди американските бази и да ги одврати нападите. Но, таквиот потег би ги ставил во опасност и новите американски сили.

Група поддржана од Иран ја презеде одговорноста за нападот врз американската воена база

30.01.2024 - 21:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега