Бајден и шведскиот премиер во Белата куќа ќе разговараат за НАТО
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска ќе се сретне со шведскиот премиер Улф Кристерсон за да разговара за кандидатурата на Шведска за членство во НАТО.
Средбата ќе се одржи во Овалната соба на Белата куќа, што е доказ за поддршката на Вашингтон за кандидатурата на Шведска, наведува Ројтерс.
„Претседателот Бајден и премиерот Кристерсон ќе ја анализираат нашата растечка безбедносна соработка и ќе ја потврдат својата позиција дека Шведска треба што поскоро да се приклучи на НАТО“, се вели во соопштението на Белата куќа.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, неодамна изјави дека земјата нема да се откаже од своето противење на влезот на Шведска во НАТО, доколку не престане да им дава засолниште на терористите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа