Азир Алиу: Со создавањето на дигиталната агенција, ја определуваме визијата да станеме земја членка на ЕУ

 

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу денеска во Клубот на пратениците оствари средба со вицепремиерката одговорна за политики за добро владеење истовремено и претседателка на Националниот совет за дигитална трансформација на општеството, Славица Герковска и претставници на Националниот Совет, каде што дискутираа за дигитализацијата и законот за сајбер безбедност и дигитална трансформација кој е подготвен и ставен во ЕНЕР на јавна консултација.

-Преку создавањето на Дигиталната агенција  ние ја определуваме нашата визија и волја да станеме земја членка на Европската Унија, затоа што Северна Македонија, како и Европа и целиот свет, ја прифаќа оваа дигитална револуција, создавајќи нови можности за граѓаните и бизнисите, рекол Алиу. 

Тој се заблагодарил на сите чинители кои придонеле за изработка на законот и апелирал сите  да се заложат за успешна реализација на целите во него.

19.09.2023 - 18:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега