Автомобил излета од патот во гевгелиско, тешко повреден тинејџер

Вчера во 06.45 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопатот А1, кај место викано „Милци“, гевгелиско, Д.Т.(19) од Гевгелија, управувајќи патничко возило „мазда“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

16.07.2024 - 12:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега