Автомобил излета од автопатот Куманово-Велес, повредени две тинејџерки и една малолетничка

Вчера во 13.50 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на автопатот Куманово-Велес, кај клучка Миладиновци, патничко возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(19) од с.Дорфолија, општина Лозово, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Б.Б.(19) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле А.Н. и уште една малолетна сопатничка од Свети Николе, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

14.07.2024 - 12:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега