Автобусите на ЈСП ќе возат, но ќе има и штрајк

 

 

„Функционирањето на јавниот градски превоз ќе функционира редовно и без задршки“, уверуваат од ЈСП „Скопје“ по наводите на социјалните мрежи дека поради протести, вработените нема да ги извршуваат своите обврски.

„Апелираме до медиумите да бидат одговорни и да не шират лажни вести и паника кај граѓаните. Истовремено, сакаме да потенцираме дека причината за штрајк на новоформираниот синдикат, четврти по ред, е нелегитимна бидејќи од 1 јуни зголемена им е платата на сите вработени во ЈСП. Апелираме медиумите и синдикатите да не дозволуваат да бидат инструментализирани од политиканти и политички бандити“, велат од ЈСП.

10.07.2023 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега