Дарко Аврамовски од Коалицијата за правично судење во емисијата 24 Отворено рече дека ја следеле постапката од самиот почеток и со динамиката со која се одвиваше, првостепената постапка траеше три години, а вотостепената помалку од две.
- Има доволно време овој предмет да биде правосилно завршен пред настапи застареност. Може да се случи, но досегашното искуство не делува дека ќе биде веројатно. Тука се надоврзува системски проблем кој никогаш не бил вака експониран во јавноста, тоа е мериторното одлучување од страна на апелационите судови. Тие и покрај тоа што имаат можност во второстепената постапка да одлучат мериторно, да преиначат одлуката на првостепениеот суд, без да го врата предметот на повторно одлучување, тоа се случува ретко. Тој проблем постои во многу судови. - рече Аврамовски.