Авион се урна во близина на Лос Анџелес


Две лица се тешко повредени кога мал авион се урна и се запали денеска во близина на Лос Анџелес, јавија американските медиуми.

Едномоторен авион се урна во градот Хоторн во близина на Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија, а пилотот и патникот се пренесени во локална болница и се во критична состојба, објави USA Today.

При падот на авионот нема повредени на земја, соопштија од противпожарната служба.

Причината за несреќата е под истрага на Федералната управа за авијација и Националниот одбор за безбедност на транспортот.

06.09.2024 - 19:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега