Арсовска за борбата со канцерот: Бев многу млада, но знаев дека нема откажување

Кандидатката за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Арсовска, во интервју за Опсервер говореше за својата лична битка со ракот и како тоа ја промени и ја направи уште посилна.

– Бев многу млада кога се соочив со болеста, но со единствена мисла дека ќе живеам за себе и своето семејство, и уште од тогаш знаев дека нема откажување. Докажано е дека ако имате позитивен пристап тоа помага при справување со стресот, но полесно е да се каже отколку да се направи. Моето семејство ми ја даде најголемата поддршка, моите родители, мојот сопруг беа и сè уште се постојано покрај мене. Сме поминале и добри денови, но и тешки времиња во борба за добро здравје и во борба за живот, а тоа нè прави уште посилни. Јас сум борец. Треба само да запомните колку далеку сте стигнале, и дека во секој од нас има многу повеќе храброст и сила од тоа што мислиме, потребна е само силна верба и истрајност за да се реализира визијата. Јас верувам во себе и верувам во поубава иднина за Скопје и скопјани, истакна Данела Арсовска.

20.09.2021 - 15:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега