Арсовска: Немам ниту моќ ниту средства да нарачувам билборди

 

Градоначалничката не сакаше да одговори зошто требаше да се скара со ВМРО-ДПМНЕ, па да се види дека директорите што се разрешени не си ја извршувале функцијата.

„Довербата дадена од граѓаните е да се чува буџетот. Таа доверба не смее да се изневери. И овие директори, кои се именувани, нема да бидат запштитени ако прават нешто спротивно на довербата на граѓаните“, додаде Арсовска.

„Немам коментари никакви, не ме интересира политика“. Ова беше одговорот на Данела Арсовска, градоначалничка на Скопје, на новинарско прашање како ѝ се допаѓаат билбордите со ликот на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, со кого влезе во војна.

„Немам ниту таква моќ, ниту такви средства, ниту правам такви нарачки ниту имам зошто. Вие самите знаете кои се луѓето што имаат моќ да прават такви работи во градот и државата, а во ниту еден случај тоа не сум јас“, рече Арсовска.

За обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за тајни средби на Арсовска со луѓе од СДСМ, како и дека е нивни играч, таа вели: „Верувам дека на судот на граѓаните е да процени кој е во право во овој случај. Јас сум сама и немам проблем да застанам против сите кога се работи за јавен интерес и кога се работи за заштита на она што го гледаме изминатиот период“.

Прашана дали таа е играч на Никола Груевски, експремиерот кој е бегалец во Будимпешта, Арсовска одговори: „Немам контакт со никого и ниту еден политички лидер, поранешен, сегашен, надвор од професионалното, она што го извршувам од аспект на градоначалник на град Скопје“.

„Немам мислење“, одговори Арсовска на прашањето кое е нејзиното мислење за Груевски.

20.09.2022 - 18:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега