Арсовска: Мицкоски отвара чешми наместо капитални проекти во Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска после подолг период се појави во Советот на Град Скопје, откако беше побарано нејзиното присуство. Таа истакна дека не можела да се појави на време бидејќи закажаната седница не била во бараниот рок, ниту во дополнителниот рок и не била известена.

-Не може некој да се појави кога веќе има однапред договорени обврски. Не сметам дека е нормално или треба да се откажува настан кој што е за доброто на нашите млади луѓе и каде што присуствуваа 300 млади средношколци. Тука слушам небулози на кој што сите граѓани им се јасни, рече Арсовска на седницата за обезбедување средства за помош на ЈСП „Скопје“.

Таа рече дека ниту еден проект нема да се откаже за доброто на граѓаните.

-Како сакате и да нема приватен превоз и да има автобуси во исто време. Како сакате 220 автобуси кои што некој ги спроведува во јавниот превоз, а треба да се заменат со нови 250, за кои што не гласате, да се заменат кога се непостоечки? Секој еден мицковист ги ветуваше овие работи и одеше со мене заедно од врата на врата. Јас сликите со Мицкоски ќе ги вадам лично, да видат дека тој ги ветувал овие работи. Сега отвора чешми, наместо да отвора капитални проекти во градот Скопје, додаде Арсовска.

Арсовска додаде дека претходен директор поставил околу 900 административци во ЈСП Скопје.

14.11.2023 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега