Арсовска: Единствен кој се грижи за граѓаните во Скопје е Градот Скопје

 

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 вели дека во Македонија таа е најнапаѓаниот човек, жена во случајов.

-Ме импонира тоа што очекуваат политичари дека јас ќе ги решам сите проблеми кои тие не ги решиле, вели Арсовска.

Арсовска вели дека резултатите се мерливи и еден човек може да даде се од себе, но доколку еден гради а 10 рушат – вие сепак останувате со проблем.

„Од почетокот на мандатот исчистивме 220 диви депонии“, вели Арсовска и додава дека тие не се нивна надлежност.

04.01.2024 - 22:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега