Апсење на паркинг близу плажа во Охрид, полицијата пронајде дрога

Вчера во 21.45 часот, на паркинг простор во близина на плажа во Охрид, приведени се М.М.(25) од Струга и Г.Ј.(30) од Прилеп. При извршен преглед, полициските службеници од Oдделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај нив, пронајдоа и одзедоа марихуана, како и предмети со остатоци од марихуана.

По целосно документирање на настанот, против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава.

14.07.2024 - 11:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега