Апликацијата за запознавање продавала приватни податоци?

 

На апликацијата за пронаоѓање на партнери, Grindr ѝ се заканува парична казна од 100 милиони норвешки круни, односно околу 9,6 милиони евра.

Норвешката Агенција за заштита на податоци соопшти дека постои сомнение апликацијата Grindr која е најпозната за запознавање на партнер од ист пол, нелегално откривала податоци за своите корисници.

 

Од Grindr засега нема никаква реакција, а од норвешката Агенција порачаа дека „прелиминарниот заклучок е дека сите прекршоци се многу сериозни“.

Доколку ова е вистина, тоа ќе биде огромен удар за Grindr, затоа што споменатиот износ претставува околу 10% од нивниот глобален годишен приход, пренесува порталот "The Verge".

 

Доколку одговор од апликацијата не пристигне до 15-ти февруари, одлуката за паричната казна ќе биде конечна.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2021 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега