Аплицирајте: Карбинци субвенционира инвертер клима уреди

 


Жителите на Општина Карбинци од денеска можат да аплицираат за добивање на субвенции за набавка на инвертер клима уред, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов. Тој истакна дека јавниот повик ќе трае четири месеци, а субвенциите се 30% од вредноста на клима уредот.

-Веќе трета година по ред ние субвенционираме и поддржуваме вакви мерки, затоа што сметаме дека оваа поддршка е значајна за граѓаните и вродува со плод. Тоа можеме да го потврдиме со мерките во изминатите две години, кога над 130 семејства добија ваква поддршка. Оваа година продолжуваме со исто темпо, вели Паунов.

Посочи дека од буџетот на општината се издвоени 700.000 денари за реализацијата на оваа мерка.

-Она што е важно Општина Карбинци субвенционира 30% од вкупната вредност на набавениот клима уред за секое едно домаќинство. Единствени услови или критериуми се да бидат жители, односно резиденти на Општина Карбинци и да пополнат еден образец, едно барање коешто е во рамките на општината, изјави Паунов.

По завршување на рокот за аплицирање, од страна на Комисија апликациите ќе бидат одобрени и исплатени на граѓаните.

02.05.2025 - 11:57

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега