Англија: Ги запалил живи соседите сосе стан, оти го оставиле ѓубрето пред врата

Маж од Англија, кој уби мајка и нејзините две малолетни ќерки палејќи го нивниот стан откако претходно го полил со бензин, е прогласен за виновен за тројно убиство. Имено на 20 ноември минатата година, Џејми Бароу намерно предизвикал пожар во станот на Фатимат Хајдер во Клифтон, Нотингем.

Тригодишната Фатима и едногодишната Наима починале веднаш во пожарот, додека нивната мајка починала во болница два дена подоцна поради вдишување чад. Бароу (31) веќе го призна убиството од небрежност, но поротата денеска едногласно го прогласи за виновен за намерно убиство и подметнување пожар, пишува „Дејли Мејл“.

Обвинителите за време на судењето тврдеа дека Бароу лежерно се оддалечил од зградата по избувнувањето на пожарот и дека знаел дека жртвите се дома бидејќи количката била надвор пред вратата, а светлото било запалено во ходникот. Беше истакнато и дека повеќепати се жалел за ѓубрето оставено пред станот.

Обвинетиот испил седум или осум лименки пиво пред да го предизвика пожарот и не направил ништо за да им помогне на Фатима и на нејзините ќерки, кои се наоѓале во станот на првиот кат, соопштија обвинителите. Бароу за време на судењето рече дека не може да објасни зошто решил да го запали станот на соседот, но дека мислел дека нема никој внатре, пренесува медиумот.

Тој додал дека не очекувал пожарот толку брзо да се прошири и дека веднаш и признал се на полицијата токму затоа што го гризела совеста. Нему ќе му биде изречена казна во петок, пишува медиумот.

04.07.2023 - 17:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега