Ангелов: Крстот нема да падне

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на својот фејзбук профил напиша дека со оглед на досегашната динамика на рушење на бесправно изградени објекти во Тетово и тетовско, крстот на Попова Шапка никогаш нема да дојде на ред.

- Во меѓувреме, за граѓаните на Тетово, далеку покорисно би било кога градоначалникот Касами наместо со крстот на Попова Шапка би се зафатил со чистење на натрупаното ѓубре низ градот, вели тој.

Тој додаде дека најавениот протест против крстот на Попова Шапка кој треба да се одржи во очи на нова година, во петок во Тетово, меѓу другото ќе покаже колкумина наши сограѓани Албанци ќе покажат непочит кон нас православните Македонци и дека тој се надева дека нивниот број ќе биде мал.

- Да живееш под преубава планина а да дишеш отров е парадокс од невидени размери. Затоа наредната работа која му ја препорачувам на градоначалникот Касами е да се зафати со барање долгорочно решение за надминување на штетите и опасностите од загадениот и канцероген воздух кој секојдневно го дишат жителите на овој регион, напиша Ангелов.

26.12.2023 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега