Ангелов ги испрати „ер тракторите“' од Кипар кои помагаа во гаснењето на пожарите

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, утрово ги испрати пилотите и останатиот воздухопловен персонал на двата ПП авиони „ер трактор“ од Кипар, информираа од ЦУК.

Како што наведуваат во соопштението, според техничките можности на воздухопловите и персоналот, двата „ер трактор“ авиони го дадоа својот максимум во справувањето со пожарите во земјава.

Ангелов искажа голема благодарност за помошта и до нив лично и до нивната држава.

14.08.2024 - 10:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега