Андонов од Белградскиот енергетски форум: Енергетската криза ја забрза транзицијата
Соработникот за енергетика во Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Виктор Андонов заедно со директорт на ЕСМ Васко Стефанов и директорот на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ учествуваа на Белградскиот меѓународен енергетски форум БЕФ 2023,.
„Забрзана енергетска транзиција е клучен адут за посилен економски раст на регионот, производството на чиста зелена енергија ќе донесе нови работни места“, порача Андонов на панел дискусијата „Енергетски систем на Југоисточна Европа – стратегии за надминување на кризата“.
„Енергетсктата криза не научи дека точно таргетираните цели со прецизен план и темпо на реализација носат резултати како што беше изминатава тешка грејна сезона. Сега ни е потребен план во кој енергетските политики ќе ја покажат трасата на забрзаната енергетска транзиција која е реалност во Северна Македонија.
Во земјава за една година и четири месеци издадени се лиценци за 428 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори, односно за 207 MWh инсталирана моќност која е еднаква скоро на производството од еден блок од клучниот енергетски столб РЕК Битила, или со оваа нова инсталирана моќност вклучена на мрежа за една година и четири месеци може да се задоволат на десет градови во нашата земја“, рече Андонов.
Развојните проекти се фокусот на кој државната ЕСМ работи во моментов обелодени директорот Васко Стефанов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа