Амбер Херд реши да го прекине молкот по судењето па проговоре: „Не ја обвинувам поротата, Џони е одлучен глумец“ (ВИДЕО)

 

Амбер Херд во ексклузивно интервју за NBC News зборуваше за пресудата во случајот меѓу неа и Џони Деп.

Да потсетиме, поротата едногласно утврди дека Херд го наклеветила Деп и му доделил повеќе од 10 милиони долари отштета.

Сепак, Амбер верува дека социјалните мрежи влијаеле на исходот на пресудата.

– Дури и ако сте сигурни дека ја заслужувам сета оваа омраза и гнев, дури и ако мислите дека лажам, сепак не можете да ми кажете дека Џони и јас бевме подеднакво третирани на социјалните мрежи, изјавила таа во интервјуто на Савана Гатри.

– Не можете да ми кажете дека мислите дека е фер, додаде таа.

На социјалните мрежи, особено на TikTok, луѓето најмногу го поддржуваа Деп за време на судењето за клевета.

До 3 јуни, хаштагот #justiceforjohnnydepp (правда за Џони Деп) имаше скоро 20 милијарди прегледи на TikTok, додека #justiceforamberheard (правда за Амбер Херд) имаше над 80 милиони.

Хаштаговите како #amberheardisguilty (виновна е Амбер Херд) имаа 900 милиони прегледи на социјалните мрежи во тоа време. Иако на поротата и беше наложено да се држат настрана од социјалните мрежи, правниот тим на Херд инсистираше дека тие сè уште влијаат на случајот.

– Не ја обвинувам поротата, рече Амбер. Јас всушност ги разбирам. Џони им е омилен лик на многумина и луѓето мислат дека го познаваат. Тој е фантастичен актер.

– Не ми е гајле што мисли некој за мене или какви пресуди сакате да донесете за она што се случи во приватноста на мојот дом, во мојот брак, зад затворени врати. Претпоставувам дека просечниот човек не треба да ги знае овие работи. И затоа и не го сфаќам тоа лично, заклучила таа.

13.06.2022 - 21:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега