Алиу верува дека ќе биде комплетиран составот на ДИК во согласност со законот и на задоволство на сите
Министерот за информатичко општество и администарција Азир Алиу кој доаѓа од Алијансата за Албанците верува дека ќе биде комплетиран составот на ДИК односно ќе биде избран седмиот член, во согласност со законот и дека од резултатот ќе бидат задоволни сите.
-Дефинитивно јас се согласувам дека не е во ред повлекување од некој процес, дали е тоа ДИК, дали се тоа избори итн. Јас цврсто верувам во легислативата и законите. Тој процес е се уште активен во Собранието, значи не е завршен и јас верувам дека според правилникот и процесите и поврзаноста на активностите со законот ќе имаме добар завршеток на процесот. Процесот е се уште активен. Имаме само најави од опозицијата, но јас не верувам дека ќе стигнеме до таков момент да може опозицијата да не биде дел од ДИК, вели Алиу на новинарско прашање на денешната средба со новинарите.
Прашан во однос на можноста за коалицирање, Алиу рече дека во АА се уште не е одлучено за тоа дали ќе бидат дел од опоизцијата, ќе останат со владеачката коалиција или ќе одат самостојно на претстојните парламентарни избори.
-Нашата партија е отворена и порано не само во овој период, исто така, во моментот е главен фактор на следните избори заради тоа што и од самиот процес вие гледате дека сите партии едноставно сакаат Алијанса за Албанците да биде дел од тој кластер. Значи дали ќе биде тој кластер во којшто сме во моментот, во Влада или опозицискиот кластер, како и да е ние како партија имаме состаноци прво внатре и ние ги имаме нашите линии поврзани со политиките и креирање на политики во државата и ќе се одлучи на крајот на денот да бидеме дел или да одиме сами или да бидеме дел од некоја коалиција врз основа на активностите и плановите кои таа група на партии ги има. Верувајте дека нема да одлучиме да бидеме дел од некој кластер ако нашите базични заложби како партија не се прифатени од некои од кластерите или од партиите, рече Алиу.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа