Алити: Очекувам Ахмети да ја менаџира успешно кризата

Поранешниот потпретседател на ДУИ, Рафис Алити во емисијата „24 анализа“ на „ТВ24“ кажа дека во партијата секогаш имало дебати и критики.

Алити вели дека лидерот на партијата Али Ахмети и во минатото успешно ги менаџирал кризите.

„Верувам дека Ахмети со тоа што седнал со незадоволните членови ќе ја среди ситуацијата. ДУИ ќе биде поцврста партија на следните избори. Ахмети ќе успее успешно да ја изменаџира кризата во интерес на партијата“, кажа Алити за „ТВ24“.

29.09.2022 - 21:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега