Албанските опозициски партии ќе дадат поддршка за продолжување на рокот на пасошите

Албанските опозициски партии ќе дадат поддршка за продолжување на рокот на пасошите. Првиот човек на Демократско Движење, кое е дел од коалицијата „Вреди“, Изет Меџити одговарајќи на новинарско прашање рече дека власта ги оставила граѓаните затворени во државата.

-Оваа влада покажа дека не беше на ниво на задачата и ги остави голем број граѓани внатре во државата, но и надвор со голем број проблеми, без нивна вина. Мислам дека секое решение кое оди во прилог на граѓаните, ние ќе придонесеме, рече Меџити.

Прашан дали ќе гласаат за законските измени, Меџити кажа: „Па, мислам дека да“.

Инаку денеска на дневен ред на седница на Собрнието се измените за Законот за патни исправи. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека овие законски измени се единствениот излез од хаосот со турканиците и малтретирањето на граѓаните за вадење на лични документи.

„И покрај сите лаги и заблуди дека нема да се направи хаос и дека сите граѓани во законскиот рок ќе имаат можност за промена на документите, денес потребно е пратениците од мнозинството да се одважат и притиснат на копчето ЗА измени на Законот. Над 600 илјади граѓани се во државен притвор, не можејќи да ја напуштат државата, а со тоа им се прекршени човековите права на слобода на движење само заради неспособноста на власта на ДУИ и СДС, додека стотици илјади наши иселеници се заглавени во држави во кои престојуваат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

28.02.2024 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега