Албанскиот опозициски блок: Планот на Ахмети е да го врати Груевски

Албанскиот опозициски блок се осврна на извештајот на Европската Комисија, во делот каде се споменува залоупотреба на знаменцето на ЕУ за носење на Закони во Собранието.

„Она што десетици пати го посочивме се потврди и во извештајот на ЕУ. Сите имаа можност да ги видат забелешките на Европската Комисија дека знаменцето е злоупотребено во Собранието за да се скрати расправата и да се забрзааат законите кои се само во интерес на СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците“, велат од албанскиот опозициски блок.

Од тука истакнуваат дека направена е европска злоупотреба и за измените на кривичниот законик, а резултатите се видливи. Надвор се Јанкулоска, Тодоровиќ и Мијалков, и многу други. И покрај извештајот, велат од албанската опозиција, владејачките партии продолжуваат со игнорирање на последиците од овие измени.

„Самодовербата и реториката на некои од нив продолжува да биде погруба кон Европската Комисија, отколку кон нас како опозиција. Ахмети со овој план се обидува да го врати Груевски во Македонија за да се пазари со раководството на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи му е јасно дека ќе ги загуби изборите. Во неговото интервју се покажа дека е толку сигурен за овие промени доволно за да ја навреди интелигенцијата на Европската Комисија. Ахмети вели: ‘Ни Вашингтон ни Брисел не ги разбираат, а кога ќе влезат во анализа ќе видат дека тие промени се неопходни’“, изјавија од албанскиот опозициски блок.

Според нив, извештајот става крај на играта на ДУИ, кои, како што велат, се пречка за интеграцијата на ЕУ.

14.11.2023 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега