Албанската опозиција испрати порака на настанот за завршената реконструкцијата на патот Скопје – Блаце
Албанската опозоција утрово со герила акција испрати порака до Владата на настанот за завршената реконструкцијата на патот Скопје – Блаце. Тие се незадоволни од нивното владеење каде обвинуваат за нерационално трошење на средства, како и спорото работење на патот каде напоменаа дека се жалеа дека се направени само два километри за четири години.
На настанот присуствуваа вицепремиерот за политички систем Артан Груби, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта (ЈПДП) , Ејуп Рустеми.
Патот е во должина од 10 километри и е целосно обновен со 3,8 милиони евра, обезбедени преку Програмата на ЈПДП.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа