Алармантно: Откриена е бактеријата ешерихија коли во водата во овој град во државава


Водата со која се снабдуваат корисниците од општина Гостивар, преку водоводот, не е безбедна за пиење, информираа попладнево од ЈП „Комуналец“. Во соопштението до јавноста тиe изразуваат жалење за состојбата која произлегла од последните микробиолошки анализи.

- Водата од јавниот водовод моментално не е безбедна за пиење. Микробиолошките тестови открија присуство на колиформни бактерии и ешерихија коли (E. coli), кои можат да претставуваат сериозни здравствени ризици, стои во соопштението од гостиварското комунално претпријатие.

Корисниците на водата од градскиот водовод се советуваат да се преземат мерки и притоа да се избегнува употреба на вода од јавната водоводна мрежа и да се користи пакувана вода за пиење и готвење.

Од ЈП Комуналец упатуваат апел за разбирање и од граѓаните очекуваат да ги следат информациите до решавање на проблемот и обезбедување на безбедно водоснабдување.

- Здравјето и безбедноста на жителите на Гостивар се наш приоритет и ќе ве информираме штом водата повторно ќе биде безбедна за употреба, се наведува во соопштението.

26.09.2024 - 17:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега