Алармантна состојба: Водата во Демир Капија и Дрен не е за пиење

 

Водата од водоводите на Демир Капија и Дрен не е за пиење, од комуналното претпријатие постапуваме по насоките на Центар за јавно здравје, информираше денеска Петар Јованов, раководител на Водовод и канализација при јавното комунално претпријатие ,,Бошава". 

- Дадовме известување до населението, по добиените анализи земени од Центарот за Јавно здравје Скопје. Центарот редовно зема за анализа по четири мостри. Од нив, две од градскиот водовод на Демир Капија. Анализата од едниот примерок не одговара на законските и стручни прописи во однос на испитаните параметри, за бактериолошка анализа. Вториот примерок, одговара на правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење, појасни Јованов во изјава за МИА. 

Другите две мостри биле од селата Дрен и Прждево. 

- Анализата од Дрен не одговара на законските и стручни прописи во однос на испитаните параметри за бактериолошка анализа. Според анализата од Прждево, водата одговара на законските и стручните прописи во однос на испитаните параметри, додаде Јованов. 

Тој нагласи дека по насоките на Центар за јавно здравје, работат на тоа да ја доведат водата во исправна состојба. Населението ќе биде навреме известено по првите примероци за исправност на водата.

09.08.2024 - 14:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега