Ајкула нападна жена на плажа во Њујорк

 

Педесетгодишна жена е во критична состојба по напад од ајкула на една од најпопуларните плажи во Њујорк.

Таа била нападната на плажата „Рокавеј бич“ вчера околу 17.50 часот по локално време.

Надлежните соопштија дека ајкулата ја каснала 50-годишната жена за левата нога. Тие потврдија дека спасувачите ја евакуирале плажата по нападот, а полициски хеликоптер почнал потрага по ајкулата, која што завршила без успех.

Властите најавија дека ќе продолжат да ја надгледуваат спорната област.

„Се надеваме на целосно закрепнување на овој пливач. Иако ова беше застрашувачки настан, сакаме да ги потсетиме њујорчаните дека каснувањето од ајкула во Рокавеј е исклучително ретко“, велат тие.

Минатиот месец беа пријавени неколку напади на ајкули североисточно од Рокавеј. Официјални лица изјавија дека најверојатно станува збор за напад од песочни тигрести ајкули, пишува „Скај њуз“. Станува збор за ајкули што може да пораснат и до три метри, а ова лето беа забележани во релативно голем број во близина на Лонг Ајленд.

Минатата година државата Њујорк забележала осум напади на ајкула.

 

Макфакс

08.08.2023 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега