Агенција за Катастар: Услугите не се поскапени, туку се вратени на нивото од 2017 година
Ниту цените на катастарските услуги се зголемени до 500 отсто ниту институцијата е пред банкрот, изјави Борис Тунџев, директор на Агенцијата за катастар, додавајќи дека нивните цени во просек се зголемени меѓу 25 и 30 отсто, а веќе се прави анализа дали има шанси за корекција, штом ќе се „смират“ цените на енергенсите.
Тунџев потенцира дека кај поголем дел од тарифните ставки им се дури и намалени цените, а со направените промени во методологијата сега наместо 5 има само 2 тарифници. Тој објаснува дека промените на ценовникот по пет години се резултат на систематска анализа што ја прави Агенцијата и дополни дека нема поскапување кај услугата за забележување на хипотека.
„Во 2017 Катастар ги намали цените за 30 до 90 проценти. Ако се направат споредби со 2014, поголемиот дел на услугите се на ниво од 2014, односно 2017“, вели Тунџев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа