Адеми-Рот: Германија ја поддржува Северна Македонија на патот кон ЕУ

 

Денес, 12 септември, претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми,имаше средба со Михаел Рот, претседател на Комисијата за надворешни работи во германскиот Бундестаг, во рамките на неговата посета на земјава.

На средбата, Адеми информира за последните случувања во земјата, при што  истакна дека се прават напори да се обезбеди потребното двотретинско мнозинство за изгласување на измените на Уставот, со цел внесување на бугарската, но и на други заедници во  него.

Притоа,посочи дека тоа би требало да се направи што поскоро, за да се  продолжат преговорите за членство во ЕУ.

Рот ја  ја потврди силната поддршка на Германија  за натамошниот напредок на земјава на евро-интеграцискиот пат. Притоа, се согласи дека во моментов  потребно е да се  изгласаат уставните измени, согласно препораките во Преговарачката рамка, но дека истовремено земјата мора да се посвети на европските реформи во сите области, како и на борбата против корупцијата и  организираниот криминал.

На средбата, двајцата говорници разменија  мислења и ставови и за актуелните прашања и состојбите во регионот и пошироко.

12.09.2023 - 16:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега