АД ЕСМ во март со зголемено производството за 36 % во споредба со истиот период лани

 

АД ЕСМ во март годинава не само што во целост го исполни планот за производство, туку и го надмина и оствари 104%. Планот за производство за март беше 458.796 MWh, а произведени се вкупно 474.967 MWh електрична енергија што претставува зголемување во споредба со истиот период лани за 36 %.

АД ЕСМ од јануари 2023г. до март 2023г. произведе 44% повеќе електрична енергија споредено со истиот период лани, а дури 61,8% повеќе од истиот период во 2021г

Зголеменото производство на електрична енергија во Државните електрани на Северна Македонија, овозможи ЕСМ Продажба значително да ги намали набавките на струја на берзите. ЕСМ Продажба која набавува електрична енергија за снабдување на болници, училишта, јавни комунални претпријатија, дел од производствените капацитети и останати договорни органи во државата, во март месец оваа година не набави електрична енергија, туку во целост ги задоволи сите субјекти од домашното производство на АД ЕСМ.

АД ЕСМ во екот на грејната сезона ги стави во функција сите расположливи производствени капацитети со цел зголемување на домашното производство, успешно справување со енергетската криза без ниту еден ден рестрикции и е насочена кон овозможување на предуслови за стабилизирање или намалување на цената на струјата.

11.04.2023 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега